Квотербекот на Њу Орлеанс сејнтс, Дру Брис, и неговата сопруга Британи ќе ѝ донираат пет милиони долари на федералната држава Луизијана, средства кои ќе бидат применети за погодените од пандемијата со Коронавирусот.
Брис и Британи во соработка со неколку организации ќе доделуваат околу 10.000 оброци дневно во регионот на Луизијана на програмите за деца без родители, домови за стари лица или семејства кои немаат финансики надомест во овој тежок период. Хуманитарната акција ќе трае додека е потребно со цел заедницата да опстане во овие тешки моменти.
Досега видовме доста донации во борбата против Коронавирусот од многу спортски ѕвезди, почнувајќи од Лионел Меси, Кристијано Роналдо, но дефинитивно донацијата на Дру Брис ги надмина сите останати според сумата.