Шпанија ќе ја „имитира“ Англија, во Ла Лига првпат ќе се игра фудбал на Божиќ?

Традиција во Шпанија е фудбалските првенства да паузираат пред Нова година, за католичкиот Божик, но годинава таа традиција може да биде прекината. Коронавирусот им прави голем проблем на челниците на Фудбалската федерација и Ла Лига околу календарот, па веќе почнаа да размислуваат да направат нешто што не се случило, а тоа е да се игра и на Божиќ, поточно на таканаречениот боксинг деј, 26 декември.

Оваа опција е сосема реална и сигурно ќе биде активирана ако оваа сезона не заврши до 30 јуни. Мали се шансите да се финишира оваа сезона до 30 јуни, освен доколку по продолжувањето, мечеви се играат на секои два-три дена, што не е можно бидејќи има тимови кои настапуваат и во европските купови.

Играњето на 26 декември и за Нова година досега беше „привилегија“ само за Англичаните, но оваа година и Шпанците би можеле да им се придружат. Се разгледуваат неколку сценарија, но за да се има стандарден летен одмор и соодветни подготовки за следната сезона, фудбалерите ќе мора да жртвуваат нешто и веројатно ќе мора да се откажат од божиќната пауза.

- Оглас -

Најнови вести