Да мине кризата со Коронавирусот, Лилјаците ќе се разлетаат низ Европа

Валенсија има дури 25-мина заразени од Коронавирус, меѓу нив и најмалку десетмина фудбалери, од кои само за тројца се објавени имињата, но и покрај големата криза со опасниот вирус за популарните Лилјаци има голем интерес.

Еден од најталентираните млади фудбалери на планетата Феран Торес е топ-пик за летниот трансфер период на европските гиганти, а главен фаворит засега е Барселона.

Каталонците сакаат да го ангажираат 20-годишниот напаѓач на Валенсија, но ќе имаат сериозна конкуренција во сè уште актуелниот европски првак Ливерпул.

Торес е најмладиот фудбалер во историјата на Валенсија што стигна до границата од 50 натпревари, а беше јунак на младата шпанска селекција до 19 години, кога со два гола во финалето против Португалија ѝ донесе европска титула на Црвената фурија.

Според интересот на европските клубови, интересна ќе биде трката и за дефанзивецот на Валенсија, Карлос Солер, а Арсенал најавува дека сака да го ангажира играчот што вреди околу 40 милиони евра.

Популарните Лилјаци веројатно ќе мора да го продадат и третиот шпански репрезентативец Родриго, за кого интерес има, пред сè, од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести