Клубот потврди дека има 25 заразени од Коронавирус

Шпанскиот примералигаш Валенсија е рекордерот по бројот на заразени луѓе од Коронавирусот. Според последните потврдени информации, 10 фудбалери се заразени, а плус 15 луѓе се од персоналот во клубот. Со тоа, бројот на заразени во Валенсија стигна до 25 луѓе.

Засега потврдени беа само имињата на тројца фудбалери кои се заразени, а потоа имињата на останатите заразени останаа тајна.

Валенсија беше екипата која гостување во Милано против Аталанта, во мечот кој го доби епитетот на „биолошка бомба“, затоа што потврдено е дека по тој меч на „Сан Сиро“, всушност започна и масовното ширење на опасниот вирус во Италија.

Во Шпанија има преку 72.000 заразени од опасниот вирус и е втора земја по Италија според бројот на заразени во Европа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести