Барселона ќе заштеди 32 милиони евра само на плати месечно по прифаќањето на играчите да имаат 70 отсто помали примања во кризниот период, а Лионел Меси ќе има најголем зијан од пет милиони евра по месец.
Најголемата ѕвезда на Каталонците беше во одбраниот тим како капитен што преговараше со раководството и прифати да има драстично намалување, а со него беа и Пике, Бускетс и Роберто.
Зад Меси, според висината на платата, е Антоан Гризман, кој годишно има нето приход од 18 милиони евра, а во оваа ситуација ќе губи по 2,1 милиони евра со намалувањето на платите.
Потоа доаѓа триото Суарес, Пике и Бускетс со по 1,5 милион евра помала плата секој месец додека трае кризата, а зад нив е Роберто, кој ќе мора да се откажува од по 700 илијади евра месечно.
Ла Лига е во прекин, како и грото првенства во Европа, а Шпанците веќе одлучија дека ако шампионатот не продолжи до 27 јуни, сезоната нема да се доигра.