Британските медиуми го критикуваат Даниел Леви за одлуката да им скрати по 20 проценти од платата на работниците во Тотенхем, а велат дека претседателот на лондонскиот клуб го утнал тајмингот.
На денот кога беше објавено дека ќе земе бонус од 3 милиони фунти, Леви објави кратење на платата на персоналот што брои 550 луѓе, кои се помошен персонал во клубот.
Првиот човек на Тотенхем лани имаше плата од околу 10 милиони евра, заедно со бонус, иако за него има уште една забелешка, а тоа е доцнењето од шест месеци со изградбата на новиот стадион на Тотенхем.
Но, сопствениците на „Еник Интернешнл Лимитед“, кои се главни акционери во Тотенхем, одлучија да го наградат главниот нивен човек во клубот со бонус од 3 милиони фунти.