Анчелоти во стручниот штаб на Реал го ангажираше пријателот на неговиот син од третата англиска лига

Стручниот штаб на Реал Мадрид ќе има нов член, откако Карло Анчелоти го ангажираше Енди Мањан. Сето ова не би било вест, ако Мањан до сега не беше помошник тренер во англискиот третолигаш, Стокпорт. Тој беше дел од клубот на повеќе од 300 натпревари во петтата, четвртата и третата англиска лига.

Англиските медиуми овој потег на Карло Анчелоти го нарекоа шокантен, но и нагласуваат дека Мањан е добар пријател со синот на Анчелоти, Давиде, кој исто така е дел од стручниот штаб на „кралскиот“ клуб. Мањан и Давиде Анчелоти заедно полагале за тренерска лиценца, а според англиските медиуми, планот на синот на Анчелоти е после пензијата на Карло, тој да почне кариера како главен тренер, а токму Мањан да биде неговиот помошник.

- Оглас -

Најнови вести