Солскјер бара од сопругите и девојките на играчите да им помогнат во одржувањето на формата

Предводникот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, бара од сопругите и девојките на неговите фудбалери да учествуваат во нивните тренинзи со цел да помогнат во одржувањето на формата на играчите. Веќе не треба да се напоменува дека Премиер лигата, како и останатите првенства во Европа привремено се прекинати поради пандемијата со Коронавирусот, па фудбалерите добија посебни програми за да вежбаат во домашни услови за да останат во каква-таква форма.

„Играчите добија програми за индивидуални тренинзи и овој период може да го искористат да подобрат некои карактеристики во нивната игра. Повеќето фудбалери живеат во куќи со големи дворови и би сакал просторот да го искористат, па нивните сопруги и девојки да им се приклучат на тренинзите. Може да им додаваат топки, а тие да работат на реализација или слично“, истакна Солскјер.

Во меѓувреме уште се чека одлука дали сезоната во Премиер лигата ќе се доигра, а сè зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со Коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести