Џенова ќе има проблем, Икарди е во топ-форма

Мауро Икарди е во топ-форма, лесно постигнува голови и е голем адут на Интер. Џенова тешко ќе го сопре, па верувам во победа на фаворитот, и тоа најмалку со два постигнати голови во мрежата на гостите од Џенова, вели нашиот редовен гостин, Панче Ќумбев.

Повторно подготви интересен микс од пет фудбалски натпревари од различни лиги во Европа и повторно еден меч е од шампионат во кој настапуваше како интернационалец.

Легија Варшава е неговата убава приказна, играше за полскиот гигант од 2008 до 2010 година, а од полското првенство овојпат типува победа на Краковија против Легница.

Еве ги предлог-типовите на Ќумбев за овој викенд:

Арсенал – Ливерпул (сабота, 18.30 часот)

Дербито на колото во Премиер лигата се игра во Лондон. Дуел на два тима кои се во одлична форма и два тима со шампионски амбиции. Играат ефикасно и за гол повеќе, па затоа овде типувам дека двете мрежи ќе се тресат, комбинирано најмалку со три гола на натпреварот.

Предлог тип: ГГ&3 + (1.71)

 

Интер – Џенова  (сабота, 15 часот)   

Интер полека, но сигурно најавува шампионски амбиции и во оваа сезона, иако Јувентус во Италија е прв фаворит. Предводен од одличниот Мауро Икарди, Интер игра сè посигурно и сè поубедливо. Аргентинецот е во топ-форма, лесно ги тресе мрежите и Џенова ќе има големи проблеми да го сопре. Гостите полека паѓаат со темпото, формата им е во надолна линија, иако почнаа доста добро оваа година. Интер е голем фаворит овде и верувам во единица со најмалку два гола во мрежата на гостинот.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.64)

 

Волфсбург – Борусија Дортмунд (сабота, 15.30)

Не треба да се трошат многу зборови за Борусија Дортмунд сезонава. Продолжуваат со гол-шоуто на секој меч и нема причина и против Волфсбург да не биде ефикасно. Домаќините имаат одличен напад и ова се два тима што играат офанзивно и се во одлична форма, па головите се неизбежни. На последните 4 од петте меѓусебни дуели имаше најмалку три погодоци и верувам дека и сега ќе има три или повеќе голови.

Предлог тип: 3+ (1.65)

 

Краковија – Легница (сабота, 15.30 часот)

Иако има солиден состав екипата на Краковија, никако не успева да ја стабилизира формата. Во последните пет кола играат подобро, освоија десет бодови, што е знак дека се на вистинскиот пат. Имаат подобар биланс во меѓусебните дуели со Легница, екипа која е во криза. Гостите немаат победа на петте последни натпревари и не верувам дека лошата серија ќе можат да ја прекинат во Краков. Очекувам сигурна победа на Краковија.

Предлог тип: 1 (2.07)

 

Леганес – Атлетико (сабота, 13 часот)  

Локалните дерби-натрпревари си имаат специфична тежина, но овде не верувам дека Атлетико ќе има сериозни проблеми. Ќе го добие мадридското дерби со Леганес, екипа која игра доста променливо. Атлетико е стабилна и цврста екипа и очекувам сигурно да ги освои бодовите.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

- Оглас -

Најнови вести