Енис Барди и Столе Димитриевски се само дел од околу илјада фудбалери во двете најквалитетни шпански првенства што заеднички и соопштија на Ла Лига дека не прифаќаат намалување на платите во екот на епидемијата со Коронавирус.
Ла Лига која е организатор на Првата и на Втората шпанска лига предложи намалување на платите додека фудбалот мирува во Шпанија, но добија очекуван одговор.
„Чудно е што Ла Лига го подржа привременот суспендирање на договорите,а самите не успеаја да формираат фонд за помош во овие два месеци додека трае кризата. Првенствата се одложени, не се откажани“ соопшти Синдикатот на професионални фудбалери во Шпанија (АФЕ).
Ваква одлука донесоа капитените на сите екипи од двете најквалитетни лиги во Шпанија, а секако со согласност на сите фудбалери што настапуваат во Ла Лига и во Сегунда.
„Саиите клубови и играчи си се договараат за условите, за платите. За тоа и се склучуваат договори и тие мора да се почитуваат. Нема да дозволиме да не се почитува тоа што е договорено и ќе си ги штитиме нашите права и секако ќе се придржуваме и до обврските“, објавија од АФЕ.
Барди е член на Леванте во најсилната шпанска фудбалска лига, а Димитриевски брани за Рајо Валјекано во Втората лига.