Пандемијата со Коронавирусот се случи непосредно пред почетокот на новата сезона во најбрзиот циркус на светот, па ниту една трка во Формула 1 не се одржа според календарот. Во ваква ситуација тешко е да се предвиди кога ќе има услови за враќање на болидите на патеките, а поради откажаните трки, веќе неколку екипи трпат загуби.
Шефовите на екипите се доста загрижени околу моменталната состојба, меѓу нив и првиот човек на Мекларен, Марк Браун, кој посочи дека некои екипи може тотално да банкротираат доколку не се преземат мерки во скоро време.
„Ситуацијата може да биде кобна за доста екипи, но и за целата организација на Ф1, која се наоѓа пред колапс. Доколку не се преземат правовремени мерки, многу екипи може да згаснат. Оваа криза се случи во најлош можен момент“, истакна Браун.