Коронавирусот ќе му помогне на ПСЖ да ги задржи Нејмар и Мбапе?

Пари Сен Жермен верува дека ширењето на Коронавирусот може да им биде од помош во обидот да ги задржат во своите редови двете најголеми ѕвезди, Нејмар и Килијан Мбапе. Економската криза која ќе го погоди светот веројатно ќе придонесе клубовите да не сакаат да трошат толку пари колку што ПСЖ бара за Бразилецот и Французинот.

Барселона се обидува да го врати Нејмар во своите редови, и уште во следниот преоден рок ќе се обидува да го врати и да му ја исполни желбата на Меси, а Реал Мадрид во Мбапе гледа свој главен напаѓач за следната деценија. И Реал многу го сака Мбапе, но во клубот има претседателски избори во 2021 година и можеби тогаш ќе биде најконкретниот обид. Но, дали шпанските гиганти после кризата ќе имаат доволно пари за да ги купат овие ѕвезди, тоа е тешко прашање за кое сега нема одговор.

Најпознатиот француски спортски весник, „Л`екип“, на денешната насловна страница објави монтажа со ликовите на Нејмар и Мбапе, и распоред на аеродром, на кој пишува дека се одложува заминувањето од ПСЖ.

Според сите најави, во следните преодни рокови нема да се трошат спектакуларни суми на пари, па ПСЖ би можел да ги задржи Нејмар и Мбапе барем до летото 2021. Светците не се расположени да ги продадат своите главни играчи, но би преговарале за Нејмар. Барса која им ги скрати платите на своите играчи за 70 проценти, ќе треба да „измисли“ пари кои ќе ги задоволат барањата на газдите на ПСЖ. И Неј и Мбапе, имаат договори до 30 јуни 2022.

- Оглас -

Најнови вести