Двете петокраки на Солскјер за атак на титулата

Оле Гунар Солскјер сигурно останува менаџер на Манчестер јунајтед, без разлика дали сезоната ќе се одигра или не, а веќе има планови за во иднина.

Планот му е одличен, а раководството на Црвените ѓаволи ќе мора добро да го одврзе кесето. Топ-приоритет за Солскјер е да се ангажира петорката Санчо, Грилиш, Медисон, Родригес и да се откупи договорот на Игало. Ако успеат во намерата и комплетно го исполнат планот на Норвежанецот, тогаш Јунајтед по подолг период ќе биде многу конкурентен во битката за титулата.

Можно е во комбинација да влезе и Томас Муние, кој е слободен играч ова лето. Солскјер има и список на фудбалери на кои не смета повеќе, а го предводи Фил Џонс. Можат да заминат и Лингард, Переира, а од Италија нема да се враќаат Санчес и Смолинг.

Сè уште не се знае што ќе биде со Пол Погба, кој сака да си замине од Манчестер јунајтед, а Солскјер одлучи да не го продава голманот Де Хеа, иако не е задоволен од неговите претстави во оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести