Џенова доби рок од 45 дена од страна на ФИФА да му исплати 800.000 евра на полскиот клуб Заглембје Љубин. Заостаната исплата е од ангажманот на Филип Јагјело, кој во јануари 2019 година за два милиони евра го облече дресот на тимот од „Луиџи Ферарис“.
Доколку Џенова не ги подмири сметките, ќе биде казнета со забрана за трансфери најверојатно од еден преоден рок.
Дваесет и двегодишниот играч за врска инаку сезонава настапи на шест лигашки натпревари за Џенова.