Нема зима за јорганџиите – Атлетико Мадрид со вајлд-карта ќе игра во ЛШ

Атлетико Мадрид речиси сигурно ќе игра во Лигата на шампионите и следната сезона, а шпанските медиуми го најавија и начинот на кој популарните Јорганџии би настапиле во луксузното натпреварување.

Вчера беше објавено дека Атлетико може да биде најголемиот губитник во Европа од пандемијата со Коронавирус со можност Ла Лига да не се доигра и клубот да остане на шестата позиција што не носи настап во ЛШ за сезоната 2020/21.

И покрај оваа варијанта што е речиси неостварлива, бидејќи Шпанците планираат сезоната да се доигра, сепак минимални шанси имаше Атлетико да извиси, но најавено е дека УЕФА ќе им даде вајлд-карта на двојните европски вицешампиони.

Тоа се темели на објективни факти, а Атлетико има одличен рејтинг во Европа и беше финалист во ЛШ во 2014 и во 2016 година, кога двапати загуби во меч за титулата од Реал Мадрид.

И сезонава што е прекината поради пандемијата на Атлетико му оди одлично во ЛШ и веќе го елиминираа европскиот првак Ливерпул за пласман во четвртфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести