Шпанците се ригорозни – Кој не сака да игра ќе губи со службен резултат

Шпанците се уште не донеле конелна одлука кога ќе го продолжат фудбалскиот шампионат, но веќе се знае дека од тој момент сите екипи ќе мора да играат, без разлика дали ќе се согласат. Во спротивно се најавени остри казни, а непослушните клубови, ако има такви ќе ги губат натпреварите со службен резултат.

Непослушност не смее да има и Ла Лига ќе мода да се доигра регуларно. Ова доаѓа по одлуката на Холанѓаните да го завршат првенството без да прогласат шампион што предизвика вистински земјотрес во европскиот фудбал.

„Кога властите ќе ни дадат зелено светло дека можеме да ја продолжиме сезоната, сите клубови ќе мора да играат. Ќе има казни за непослушните, а ќе ги губат натпреварите со службен резултат, ако од било која причина не сакаат да играат“, изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Шпанците подготвија провизорен план од пет фази за да се подготват за враќање на фудбалските терени.

Кај нив како една од топ-5 лигите продолжението на сезоната ќе биде мошне специфично, бидејќи имаат три екипи кои се уште се во игра за титулата во Лигата на шампионите и уште две што останаа да се натпреваруваат во Европа Лигата.

Тоа ќе предизвика исклучително внимателно да се пристапи кон кам-бекот на фудбалските терени, на кои е јасно дека ќе нема публика.

УЕФА го одреди месец август за најпогоден за доигрување на циклусот во Лигата на шамопионите и Европа Лигата, па Ла Лига ќе треба добро да се искординира со термините за доигрување и на најквалитетното шпанско фудбалско првенство, кое е едно од најдобрите во Европа.

- Оглас -

Најнови вести