Холанѓаните го прекинаа првенството и конечната одлука е да нема шампион и никој да не испадне, ниту да влезе во Првата лига, што му донесе најголем ќар на Англичанец.
Алан Пардју, тренерот на Ден Хаг има одличен анекс во договорот со холандскиот прволигаш и ќе ќари двојно. Претпоследниот тим во популарната Ередивизија ќе имаше тешка задача да се спаси, ако продолжеше сезоната што е прекината со епидемијата од Ковид-19, а вака со одлуката на федерацијата, КНВБ, да се прекине шампионатот успеа да опстане.
Тоа значи дека челниците на Ден Хаг ќе мора да му исплатат на Пардју 100 илјади фунти, предвидени како бонус, ако екипата успее да остане член на Ередивизија и за сезоната 2020/21.
Одлуката на КНВБ предизвика жолчни реакции и критики од многу клубови од Првата и Втората лига, а Холандија по 1944 година за првпат нема фудбалски шампион.