Не е само Барселона партибрејкер, уште најмалку шест клуба од Ла Лига не сакаат да играат

Не е само Барселона партибрејкер на шпанскиот план за доигрување на сезоната, туку како што објави каталонски „Спорт“ има уште најмалку шест клубови од Ла Лига што ќе се приклучат на бојкотот на евентуалното продолжување на сезоната 2019/20.

Условот што го постави шпанскиот гигант е сите клубови, но и фудбалски фактори во Шпанија да гарантираат максимална безбедност на фудбалерите за да се доигра сезоната што е прекината поради Коронавирусот.

Каталонски „Спорт“ објави дека со претставниците на Барселона контактирале уште најмалку шест шпански прволигаши, кои му даваат поддршка на лидерот и нема да играат, ако нема беспрекорни услови за фудбал.

Имињата на клубовите не се откриваат, а ова ќе биде огромен проблем за Шпанците во обидот сепак на терен да се заврши најчудната сезона од Втората светска војна.

Хавиер Тебас, кој е прв човек на Ла Лига најави дека сите мерки за превентива за фудбалерите ќе бидат максимално исполнети, а кога ќе се донесе конечна одлука за терминот за рестарт на Ла Лига сите клубови ќе мора да играат.

Во спротивно најавени се остри мерки и губење на натпреварите со службен резултат.

Барселона е лидер на табелата со 58 бодови, пред вечниот ривал Реал Мадрид со 56 бода и битката за титулата, ако се доигра првенството ќе биде меѓу овие две екипи. Севилја е на третото место со 47 бода, на 11. кола до крај на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести