Шпанија во чекор ја следеше Италија кога се работи за корона-вирусот, сега е на ред тоа да се направи и на фудбалски план

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, е уверен дека клубовите ќе може да започнат со тренинзи на 4 мај. Шпанското првенство повеќе од еден месец е во прекин поради пандемијата со корона-вирусот. Клубовите во Примера ги имаат распуштено играчите, но во следните неколку дена може да се случи сите да бидат вратени и од следната недела да започнат со индивидуални и тренинзи во помали групи.

Шпанија заедно со Италија се двете земји кои се најпогодени од смртоносниот вирус, а оптимистички се најавите дека клубовите во Серија А добија дозвола од 4 мај да започнат со тренинзи. Токму со тој датум сега се шпекулира дека ќе се вратат фудбалските активности и во Шпанија.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчес, потврди дека во следните неколку дена ќе се прекинат некои од строгите мерки кои беа воведени за време на пандемијата, но додаде дека сепак не треба многу да се избрзува. Здравствените работници во Шпанија посочуваат дека заразата може да се пренесе и преку топка, па затоа, доколку продолжат мечевите во Примера, пред секој меч ќе се дезинфицираат и топките со кои ќе се игра на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести