Шпанија ќе може да здивне од 4 мај, кога со одлука на Владата ќе се релаксираат мерките во екот на пандемијата со корона-вирус, а „АС“ објави информација дека завршува и голготата на играчите на Барселона.
Од понеделник и за нив нема да важи договорот меѓу фудбалерите и раководството за 70-процентно намалување на платите и речиси сè се враќа во нормала.
Имаше многу недоразбирања на релација играчи- раководство на лидерот во шпанското првентво, а на крајот беше прифатено намалувањето на платите.
И според математиката на „АС“, клубот досега заштеди околу 24 милиони евра, што е околу 9,9 проценти од годишната плата на сите фудбалери.
Од почетокот на мај, Меси и соиграчите повторно ќе си ја земаат платата што ја имаат според договорот потпишан со Барселона, но ќе издвојуваат два проценти како донација за да им се помогне на вработените во клубот.