Трагедија во Бразил – фудбалер починал за време на кајтинг

Голема трагедија се случила во Бразил, 21-годишниот фудбалер Кајо Фелипе го загуби животот како последица од струен удар. Играчот кој беше дел од екипата на Индепендиенте загинал откако додека уживал во кајтинг, неговата опрема се закачила во кабли за струја и тоа се покажало како кобно за младиот фудбалер. Кајтинот е комбинација на сурфање и параглајдеризам врз површината на водата, а во регионов како најпозната кајтинг несреќа е смртта на српскиот рапер Гру, кој загина лани.

„Со жалење ве известуваме дека нашиот фудбалер го загуби животот. Искрено сочуство до семејството и пријателите“, стои во официјалното соопштение на бразилскиот второлигаш каде што настапуваше Фелипе.

Фелипе, кој играше на позиција лев бек, за Индепендиенте одигра 22 меча и постигна шест голa. Негова специјалност бea шутевите од слободен удар и пеналите.

- Оглас -

Најнови вести