Кошаркарската НБА лига го бара најдоброто место за изолација на играчите и финиширање на сезоната, деновиве се спомнуваше комплексот „Дизни ворлд“, а сега повторно се појави опцијата Лас Вегас.
Градот на коцката има важни џокери во ракавот, а тоа се пет големи сали кои ги исполнуваат условите за телевизиски преноси, и огромен хотел во кој може да се сместат сите вработени во НБА клубовите.
Најголемиот хотел во САД и втор најголем на светот, „МГМ Гранд“ во Лас Вегас, се понуди да биде местото во кое ќе се сместат играчите со семејствата, тренерите, и останатите членови на НБА тимовите, како и претставниците на медиумите. „МГМ Гранд“ заедно со апартманите и вилите околу главната зграда има дури 6.852 соби, а престојот во хотелот ќе трае од шест недели до три месеци.
Пред да продолжи сезоната, треба да се направат 15.000 тестови на коронавирус.