НБА ќе се доигра во комплексот Дизниленд?

Раководството на кошаркарската НБА-лига размислувало за опција дека најреален начин да се доигра сезоната е таа да се доигра на едно место, и тоа не во Лас Вегас, туку во Дизниленд, забавниот парк во градот Орландо, кој има свој НБА-тим.

Поминаа 50 дена откако Руди Гобер од Јута џез беше позитивен на корона-вирусот и НБА ја суспендираше својата сезона. Се бараат начини како да се доигра сезоната и можеби за тоа пример е бејзбол-лигата МЛБ, која има намера да се игра во еден град и движењето на играчите да биде само од хотел до стадион и обратно.

„Волт Дизни ворлд“ ресортот во Орландо дефинитивно бил опција, но до реализација на идејата има уште многу. Таму има еден куп празни хотели и неискористена спортска инфраструктура и за разлика од Лас Вегас, тука кошаркарите ќе смеат без ризик да излезат од соба бидејќи нема да се мешаат со други луѓе. Комплексот може да се контролира и влезот и излезот ќе биде со дозволи, плус тоа ќе се вршат редовно тестирања.

Во „Светот на Дизни“, кој е приватна сопственост и полесно може да се затворат улиците, има 12 кошаркарски терени, од кои два се со услови за пренесување на мечевите на телевизија, а има доволно хотелски соби за сите кои би биле таму додека трае сезоната, амбуланти, ресторани, базени.

- Оглас -

Најнови вести