Да заборави на Мадрид: Мбапе добива нов договор од ПСЖ и плата колку Нејмар

Пандемијата со корона-вирусот не само што го паузираше спортот на глобално ниво, туку најверојатно спречи трансфер зделка која можеше да влезе во историјата на фудбалот како најскапа. Да се одвиваа работите во нормала, Реал Мадрид во претстојното лето ќе атакуваше на потписот на Килијан Мбапе, но прекинот на сезоната тотално го смени сценариото, а брзоногиот Французин можеби и нема да дочека преселба во шпанската престолнина во блиска иднина.

Иако многу клубови се соочуваат со финансиска криза поради принудната пауза, тоа не е случај и со ПСЖ. Лига 1 се откажа, Светците се старонови шампиони, па сега нивното раководство може да се занимава со продолжување договори и кроење планови за трансфер-пазарот, а главна точка е да се осигурат услугите токму на Мбапе. Наводно Парижаните изготвиле нов договор за светскиот првак и се подготвени да му ја изедначат платата со Нејмар, која на неделно ниво изнесува 600.000 евра без бонуси.

Сумата треба да биде доволна за да го убедат Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“ подолго од јуни 2022 година, колку што му важи актуелната соработка.

 

- Оглас -

Најнови вести