Барселона и Атлетико Мадрид, но и уште шест клубови од Ла Лига го искористија правото да не им исплаќаат плата на вработените во клубот, но сега може да им се врати како бумреанг на трансфер-пазарот.
Сите клубови што ја прифатија понудата, таканаречена ЕРТЕ програма, нема да имаат право на скапи трансфери во летниот период.
ЕРТЕ е програма што во услови на корона-вирусот им понуди на клубовите да ги задржат своите вработени и да им плаќаат само придонеси за здравствено, пензиско и социјално осигурување, а плата да добиваат од државата во износ од 70 проценти.
Сега е најавено дека овие клубови ќе ги контролираат Министерството за труд и Министерството за финансии во Шпанија и нема да им биде дозволено да трошат повеќе пари од тие што ги имаат на располагање.
Покрај Барселона и Атлетико Мадрид, погодени со оваа одлука ќе бидат и Севилја, Валенсија, Еспањол, Гранада, Алавес и Осасуна.
Има и клубови од Втората лига што го прифатија дилот во ЕРТЕ програмата, а вкупно 41 екипа го потпиша документот што им беше понуден како олеснување за вработените во услови на ковид-19.
Ваквата ситуација е особено погубна за лидерот во Ла Лига, Барселона и драстично им ги намалува шансите на Каталонците да ги ангажираат Лаутаро Мартинес од Интер и да го вратат Нејмар од Пари Сен Жермен. Овие два трансфери би ги чинеле најмалку 200 милиони евра, што Барса во моментов ги нема на располгање.