Шекил: Сезоната во НБА треба да биде прекината

Кошаркарската НБА лига бара начини како да ја доврши сезоната, но уште нема конкретен план, а некогашниот доминантен центар, сега телевизиски аналитичар Шекил О‘Нил, смета дека лигата треба да објави прекин на сезоната и да нема шампион. Според него, нема поента во обидите за финиширање на сезоната.

„Треба да се прогласи крај на сезоната. Треба да се грижиме за безбедноста и здравјето на играчите и сите други луѓе, а не да се бараат и измислуваат опции за некаков нов формат на плејоф. Мразам кога слушам како велат дека сезоната мора да се доигра. Сите нека си седат дома и нека размислуваат за следната сезона“ – вели Шекил.

Според него, не е решение играњето без публика.

„Катастрофа е да се игра без публика. Да ја немаше публиката, ќе бев најлошиот центар во НБА. Таа ве носи и ви дава мотивација. Сега можеби ќе нема луѓе на трибините, но салата нема да биде сосема празна, ќе има тренери, снимателии останати“ – додава легендата.

- Оглас -

Најнови вести