Халанд го направи тоа што не им успеало на Роналдо и Меси, стана лик во мегапопуларна видео игра 

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, освен на фудбалските терени, доминира и на останатите полиња, а со последниот потег потврди дека има огромен маркетиншки потенцијал и ќе направи нешто што никогаш не им успеало на играчи како Кристијано Роналдо или Лионел Меси.

Халанд наредниот месец ќе стане лик во видео играта „Клеш оф кланс“. Играчите на една од најпопуларните видео игри на денешницата ќе можат да го регрутираат Халанд или да го нападнат неговото село.

„Долго време сум голем фан на играта и знам сè за неа. Навистина е супер да се појавам во неа како лик“, изјави Халанд.

Халанд кој десет години редовно ја игра оваа видео игра, неодамна ги контактирал програмерите од „Суперсел“ кои се креатори на „Клеш од кланс“ и им понудил да ги вметнат во играта.

„Кога слушнавме дека Ерлинг Халанд ја обожува и нашата игра и дека сака да ни биде партнер, тоа беше сценарио од соништата“, изјави генералниот директор на играта „Клеш од кланс“, Стјуарт Мекго.

 

- Оглас -

Најнови вести