Маркус Вајнцирл има исклучително лош старт како тренер на клупата на Штутгарт, а кризата продолжи со три порази со новиот шеф на стручниот штаб. Вајнцирл има три порази откако е кормилар на еден од најпознатите германски клубови, а гол-разликата е кататрофална, 0:11.
Младиот менаџер (има 43 години) очигледно тешко се снаоѓа со улогата шеф на стручен штаб на клуб во Бундеслигата, а тоа го искористија Борусија Дортмунд, Хофенхајм и Ајнтрахт Франкфурт за да ги освојат бодовите многу лесно во дуелите со Штутгарт.
Германските медиуми веќе потенцираат дека раководството на Штутгарт направи грешка, што му понуди и потпиша договор со Вајнцирл до 2020 година, но младиот стратег не се предава.
„Мора да корегираме доста работи, но верувам дека ќе успееме да се извлечеме од кризата“, вели Маркус. Тој го наследи Тајфун Коркут на клупата на Штутгарт, клуб кој тавори на дното на табелата во Бундеслигата со само 5 бода на 10 натпревари.