Рајола откри зошто Халанд не заврши во Јувентус

Контроверзниот агент Мино Рајола, кој го претставува Ерлинг Халанд, посочи дека норвешката гол-машина не потпиша за Јувентус бидејќи клубот би го ставил во резервниот тим. Халанд во зимскиот преоден рок стана член на Борусија Дортмунд, каде што продолжи со блескавите партии какви што покажуваше и во дресот на Салцбург, иако Јувентус беше меѓу фаворитите за неговиот потпис.

„Зошто Халанд не потпиша за Јувентус? Па тие би го ставиле да игра за тимот до 23 години“, истакна Рајола за италијанските медиуми.

Уште во првото коло по рестартот на сезоната, или 26-то коло според календарот во Бундеслигата, Халанд беше стрелец во победата над Шалке со 4-0 и на тој начин стигна до 10 погодоци во германскиот шампионат само во девет настапи, односно вкупно 12 во 13 меча за Милионерите.

- Оглас -

Најнови вести