Словенците ќе продолжат со фудбал во Првата лига на 5 јуни, а рестартирањето ќе им биде по германски рецепт со мечевите од 26-тото коло.
Пред три дена се врати и Бундеслигата исто така со мечевите од 26-тата рунда, па случајно се погоди сега и Словенците со истото коло да најават камбек за идниот месец.
Најавено е дека комплетниот календар за доигрување на сезоната што беше прекината поради ковид-19 ќе биде објавен во текот на следната недела, но од 5 јуни секако ќе се игра фудбал во Словенија.
Стартот ќе биде со мечот меѓу Алуминиј и Мура во првиот петок од идниот месец, а има и план за доигрување на мечевите од националниот куп.
Интересно е што и тука за премиерата ќе бидат задолжени истите две екипи, Алуминиј и Мура, кои ќе играат на 9 јуни од 18 часот, а вториот полуфинален пар е Радомље и Нафта во нокаут-меч што треба да се игра еден ден подоцна во истиот термин од 18 часот.