Никој не може да се навикне на новиот имиџ на Канте (фото)

Само еден ден откако англиските клубови добија дозвола да тренираат групно, Челзи ги започна подготовките во пресрет на продолжувањето на сезоната во Премиер лигата. По два месеци, фудбалерите се појавија во клупскиот тренинг-центар, а јавноста беше пријатно изненадена од новиот имиџ на Н’голо Канте.

Целото внимание беше насочено кон него и новата фризура бидејќи во изминативе пет години како игра во Премиер лигата, Канте редовно беше шишан кратко. Седењето дома во самоизолација значи дека нема одење во фризерски салони, а Канте сигурно не помислил сам да се средува.

- Оглас -

Најнови вести