Мешавината од првенствени и пријателски средби ќе ја разбијат монотонијата

Динамо Брест – БАТЕ Борисов (18ч)

Динамо има мисија да ја прекине црната серија против БАТЕ. На домашен терен екипата од Брест нема победено веќе три години против лидерот во белорускиот шампионат, доста чудна ситуација ако се земе предвид дека и Динамо му прави проблеми на БАТЕ кога гостува во Борисов.

Како и да е, минатите дуели најавуваат дека и овој меч ќе биде доста интересен и неизвесен, а головите нема да недостасуваат. БАТЕ е во серија од пет победи, односно е без пораз веќе месец и пол, а нови три бода на гостите ќе им донесат стабилност на врвот на табелата, каде што засега стојат со 19 бода. По 9 кола, Динамо има четири победи и исто толку порази, само едно реми и јасно е дека триумф е императив на домашниот состав.

Предлог тип: ГГ3+ (1.93)

 

Флора – Тамека (18:30ч)

Актуелниот естонски првак во новата сезона тргна со сигурна победа против Легион, а веќе во второто коло добива шанса да влезе во победничка серија со оглед на тоа дека е апсолутен фаворит во овој дуел. И Тамека имаше победнички старт, но, за изненадување, во Талин ќе треба да го подигне нивото на игра бидејќи гостинскиот состав бележи само еден триумф во последните 10 средби против шампионот.

Интересно е што Флора последниот пораз на домашен терен го претрпи токму од денешниот противник, во септември минатата година со 0-1.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.90)

 

Будејовице – П’лзењ (16ч)

Чесите со пријателски дуели се подготвуваат за рестартот на сезоната кој е закажана за за 23 мај. Денес на програмата е контролата меѓу второпласираната Викторија П’лзењ и тимот од средината на табелата, Будејовице. Екипата од П’лзењ има беспрекорен биланс против денешниот противник и од 2004 година, па наваму нема забележано негативен резултат.

Вклучувајќи ги и пријателските средби, П’лзењ има девет победи по ред против Будејовице, а големи се шансите да се наниже и десеттиот триуфм.

Предлог тип: X2 & 4+ (2.20)

 

Истра 1961 – Горица (16:30)

И хрватските прволигаши со контролки се загреваат за рестартирањето на првенството кое е предвидено за почетокот на јуни. За Истра ова е добар тест во пресрет на борбата за опстанок, меѓутоа меѓусебните дуели против Горица не ветуваат добар резултат денес.

Во рамките од првенството оваа сезона Горица на домашен терен триумфираше со убедливи 3-0 и воедно речиси две години држи позитивен биланс со Истра. Како за загревање, убаво би било да се истакне ефикасноста на двете екипи.

Предлог тип: 4+ (2.80)

 

Војводина – Бачка Топола (17:30ч)

Речиси секаде на Балканот фудбалот продолжува, па таква е и ситуацијата во Србија, каде што е најавено рестартирање на сезоната од 30 мај. Нормално, за да се влезе во натпреварувачки ритам, потребни се овие пријателски натпревари, а денес силите ќе ги одмерат екипите кои се во битка за третото место кое води во квалификациите за Лигата на Европа.

Војводина има предност од пет бода пред Бачка, меѓутоа денес нема да се бројат бодови, императив е да се провери колку играчите ја одржувале формата во карантин. Ако се земат предвид минатите меѓусебни дуели, Војводина е голем фаворит.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.50)

- Оглас -

Најнови вести