Во Серија А ќе биде најчудното ново правило поради корона-вирусот, дали фудбалерите ќе може да издржат да не го прекршат?

Италијанската Серија А уште нема дефинирано дали и кога ќе ги продолжи натпреварите од прекинатата сезона. Сите се оптимисти дека фудбал ќе има и дека на зелениот терен ќе се добие шампионот. Во финална фаза е протоколот кој треба да се почитува за време на мечевите, а е изработен дури на 36 страници.

Сите можни детали се предвидени со протоколот во кој секако постои забрана за изнесување деца покрај фудбалерите пред мечевите, ракување на играчите пред мечот, како и традиционалната заедничка фотографија. Најголем дел од превентивните мерки се тие што ќе бидат во сите првенства кои ќе продолжат и во корона-вирусот.

За многумина, една од забраните кои најтешко ќе им падне на фудбалерите е тоа што нема да смеат да протестираат кај судиите за донесените одлуки. Во Серија А е традиција играчите често да се бунат кај арбитрите, но сега тоа нема да смеат да го прават затоа што според правилникот, фудбалерите во ниту еден момент од мечот не смее да бидат на растојание поблиску од еден и пол метар до судијата.

Според планот, мечевите во Серија А треба да продолжат на 13 јуни, или најдоцна на 20-ти следниот месец. Јувентус како лидер е прв фаворит за титулата, а најголеми ривали му се Лацио и Интер.

- Оглас -

Најнови вести