Атлетико нема среќа со најскапиот играч – Пак им се повреди инвестицијата од 120 милиони евра

Жоао Феликс повторно се повреди, сега ги истегна лигаментите на коленото при кам-бекот на тренинг по повеќе од два и пол месеци пауза и ќе мора повторно на рехабилитација.

Од Атлетико Мадрид објавија дека 120 милиони евра вредната инвестиција од лани ќе паузира околу двесеттина дена, па можно е да го пропушти рестартот на Ла Лига.

Челниците на шпанската Прва лига најавија дека е можно повторно да има фудбал од 11. јуни, како термин за кој се предвидува кам-бек на Ла Лига.

Тоа значи дека Феликс би пропуштил едно, или две кола по кам-бекот што е лоша вест за екипата која бие битка за пласман во Лигата на шампионите.

Според распоредот Атлетико Мадрид треба да игра против Атлетик Билбао при кам-бекот на Ла Лига, кога и да се случи, а најавено е за 11., или 12. јуни.

Популарните Јорганџии моментно се на шестата позиција со 45 бода, а пред нив се лидерот Барселона со 58 бода, Реал Мадрид со 56, Севилја со 47 и Реал Сосиедад и Хетафе кои имата по 46 бода.

Првите четири позиции носат настап во Лигата на шампионите, а следните три во Европа Лигата. До крајот на сезоната треба да се доиграат уште 11 кола.

- Оглас -

Најнови вести