На крадците им се погоди пандемијата, на раат го испразнија Сан Паоло

Крадците не мируваат во екот на пандемијата со корона-вирусот, а штета претрпе Наполи. Од просториите на стадионот украден е телевизорот на кој играчите и тренерот Џенаро Гатузо ги прават последните подготовки за мечевите, односно се анализираат противниците со кои игра Наполи.

Случајот е пријавен во полиција и направен е записник на сите работи што вештите крадци ги земале како плен при упадот на „Сан Паоло“.

Во Италија сè уште не се игра фудбал по прекинот во март поради пандемијата со ковид-19, а токму Наполи ќе треба прв да стартува со реванш-мечот од полуфиналето на Купот на Италија, закажан против Интер за 13 јуни.

Тој меч ќе се игра од 18 часот, токму на „Сан Паоло“, а во истиот термин и Јувентус ќе му биде домаќин во реванш-мечот од второто полуфинале.

Елмас и соиграчите имаат предност од 1:0 против Интер и ќе се обидат да ја сочуваат пред празни трибини за пласман во финалето. Таму ќе ги чека подобриот од двомечот меѓу Јуве и Милан, а првиот натпревар во Милано заврши нерешено, 1:1.

Седум дена подоцна, односно на 20 јуни треба да продолжат и мечевите во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести