Познат комплетниот распоред на мечевите во Серија А – кога се игра дербито кое може да го реши шампионот?

Италијанскиот фудбал ја добива битката со корона-вирусот откако и официјално беше потврдено дека првенството во Серија А треба да има продолжување. Според планот, фудбалот во Италија ќе продолжи на 13 јуни, со мечевите од Купот, а една недела подоцна ќе продолжат и возбудувањата во првенството.

Планот е прво да се одиграат мечевите кои беа одложени од 25-тото коло, а тоа се дуелите: Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Калјари. По тие дуели, од 23 и 24 јуни ќе продолжи темпото кое вели дека во рамките на една недела ќе се играат по две кола.

Еве го комплетниот распоред кој треба да биде потврден за финиширање на Серија А.

27-мо коло (23/24 јуни): Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус, Фиорентина – Бреша, Џенова – Парма, Верона – Наполи, Интер – Сасуоло, Лече – Милан, Рома – Сампдорија, СПАЛ – Калјари.

28-мо коло (27/28 јуни): Бреша – Џенова, Калјари – Торино, Јувентус – Лече, Лацио – Фиорентина, Милан – Рома, Наполи – СПАЛ, Парма – Интер, Сампдорија – Болоња, Сасуоло – Верона, Удинезе – Аталанта.

29-то коло (30 јуни и 1 јули): Аталанта – Наполи, Болоња – Калјари, Фиорентина – Сасуоло, Џенова – Јувентус, Верона – Парма, Интер, Бреша, Лече – Сампдорија, Рома – Удинезе, СПАЛ – Милан, Торино – Лацио.

30-то коло (4/5 јули): Бреша – Верона, Калјари – Аталанта, Интер – Болоња, Јувентус – Торино, Лацио – Милан, Наполи – Рома, Парма – Фиорентина, Сампдорија – СПАЛ, Сасуоло – Лече, Удинезе – Џенова.

31-во коло (7/8 јули): Аталанта – Сапмдорија, Болоња – Сасуоло, Фиорентина – Калјари, Џенова – Наполи, Верона – Интер, Лече – Лацио, Милан – Јувентус, Рома – Парма, СПАЛ – Удинезе, Торино – Бреша.

32-ро коло (11/12 јули): Бреша – Рома, Калјари – Лече, Фиорентина – Верона, Џенова – СПАЛ, Интер – Торино, Јувентус – Аталанта, Лацио – Сасуоло, Наполи – Милан, Парма – Болоња, Удинезе – Сампдорија.

33-то коло (14/15 јули): Аталанта – Бреша, Болоња – Наполи, Лече – Фиорентина, Милан – Парма, Рома – Верона, Сампдорија – Калјари, Сасуоло – Јувентус, СПАЛ – Интер, Торино – Џенова, Удинезе – Лацио.

34-то коло (18.19 јули): Бреша – СПАЛ, Калјари – Сасуоло, Фиорентина – Торино, Џенова – Лече, Верона – Аталанта, Јувентус – Лацио, Милан – Болоња, Наполи – Удинезе, Парма – Сампдорија, Рома – Интер.

35-то коло (21/22 јули): Аталанта – Болоња, Интер – Фиорентина, Лацио – Калјари, Лече – Бреша, Парма – Наполи, Сампдорија – Џенова, Сасуоло – Милан, СПАЛ – Рома, Торино – Верона, Удинезе – Јувентус.

36-то коло (25/26 јули): Болоња – Лече, Бреша – Парма, Калјари – Удинезе, Џенова – Интер, Верона – Лацио, Јувентус – Сампдорија, Милан – Аталанта, Наполи – Сасуоло, Рома – Фиорентина, СПАЛ – Торино.

37-мо коло (28/29 јули): Калјари – Јувентус, Фиорентина – Болоња, Верона – СПАЛ, Интер – Наполи, Лацио – Бреша, Парма – Аталанта, Сампдорија – Милан, Сасуоло – Џенова, Торино – Рома, Удинезе – Лече.

38-мо коло (1/2 август): Аталанта – Интер, Болоња – Торино, Бреша – Сампдорија, Џенова – Верона, Јувентус – Рома, Лече – Парма, Милан – Калјари, Наполи – Лацио, Сасуоло – Удинезе, СПАЛ Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести