Со 20 денари за еден гол му избегаа 10.000 евра добивка (Фото)

Димитар од Гевгелија долго ќе го памти дуелот меѓу Гројтер Фурт и Сандхаусен во германската Втора лига кој се играше во петокот и тоа по лошо. Само тој дуел, односно само еден гол на тој меч недостасуваше за Димитар да добие неверојатни 10.000 евра во Sport Life и тоа со тикет на кој има вложено само 20 денари.

Играта на овој обложувач била едноставна, а тоа е да се бркаат големи коефициенти. Токму такви коефициенти може да се пронајде на комбинацијата ГГ&1=2, односно двете екипи да дадат барем по еден погодок на мечот, а да паднат ист број на голови во двете полувремиња. На неверојатниот тикет имало пет меча од петокот, а коефициентите се движеле меѓу 7,60 и 8,75.

Во третата германска лига Магдебург и Ирдинген одиграа 1:1, а гостите на полувреме имаа предност од 1:0, што значи дека е исполнет условот за двата тима да дадат гол и да има ист број на погодоци во двете полувремиња. Слично е и сценариото на дуелот од унгарското првенство меѓу Дебрецен и Капошвар. Домаќините водеа на полувреме со 1:0, а на крајот мечот заврши 1:1.

На тикетот има две средби од данското првенство кои завршија на идентичен начин. Колдинг и Скиве победија на домашен терен со 3:1 против Виборг и Вендсисел, а на полувремето било 1:1. Во сите мечеви е исполнет условот да има ист број на погодоци во двете полувремиња и двата тима да се израдуваат барем по еднаш.

Сепак, на мечот Гројтер Фурт и Сандхаусен, гостите на полувреме водеа со 2:0, а во вториот дел домаќините дадоа еден гол во 71 минута и имаше уште 20-тина минути да падне само уште еден погодок на натпреварот, но за жал мрежите мируваа и Димитар за малку остана без посакуваните 10.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести