Видео од ноември минатата година повторно стана хит на социјалните мрежи во регионов како потсетување дека има луѓе без свој став и кои навиваат за двата најлути српски спортски ривали Црвена ѕвезда и Партизан.
Учесникот на квизот требаше да погоди на која адреса се наоѓа стадионот на Партизан, тој одговори точно, „Хумска 1“, а кога водителот го праша дали Партизан му е омилен тим, следуваше одговорот кој налути многумина фанови во Србија, мислеле дека не е можно да постојат вакви луѓе, а за неутралните ова е смешно.
„Во кошарка навивав за Партизан, додека во фудбал сум за Ѕвезда. Малку е шизофрено, но мило ми е кога ќе победат и едните и другите“, рече Данило Бакиќ, додека водителот гледаше збунето.