Шпанската и италијанската елита повторно се дел од Спортската прогноза

Мило ни е што по два и полмесечната пауза прогнозерите не ја заборавија популарната игра „Среќна 13-ка“, иако 28-мото коло ги изненади учесниците. Од денес, од 14 часот достапно е новото 29-то коло, во кое достапни за прогнозирање се и неколку натпревари од Ла Лига.

Шпанското првенство се враќа на програмата исто така по повеќе од два месеци пауза, а меѓу поинтересните дуели ќе биде средбата на „Ванда Метрополитано“ меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Тој меч е еден од петте кои се предвидени за во недела.

Ден порано, односно во сабота, во понудата се најде и реванш-пресметката меѓу Наполи и Интер во полуфиналето од Италијанскиот куп. Тимот на Елиф Елмас со натпреварување ќе тргне веднаш во битка за пласман во финалето, а Наполитанците се во поволна позиција по минималната победа од 1-0 по првиот меч.

Колото ќе се комплетира со два меча во понеделник, додека резервите се Падерборн – Вердер Бремен и Рапид Виена – Волфсбергер.

За погодени 13 мечеви, односно Среќна 13-ка, следува вреден подарок мобилен телефон  IPhone XS. За една утка Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, додека за 11 погодени двојки ви следува ваучер од 500 денари.

Во Генералниот пласман и натаму води Христијан Т. со 192 поени. Подарокот за шампионот е ТВ смарт од 48 инчи, а следните четворица најдоброрангирани ќе добијат многу поени за одличен шопинг во СЛ Маркетот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести