Шок за Кастилјехо, го нападнаа со оружје сред бел ден во Милано

Офанзивецот на Милан, Саму Кастилјехо, преживеал вистински хорор денеска сред бел ден во Милано, а бил нападнат од двајца вооружени луѓе и му бил украден часовникот.

Крадците впериле и пиштоли кон Шпанецот за да го принудат да не реагира и побегнале откако му го зеле часовникот.

„Ме ограбија со вперени пиштоли кон мене“, објави 25-годишниот фудбалер на Милан.

https://twitter.com/SempreMilanCom/status/1270401278376640512?s=20

Кастилјехо треба да настапи за Росонерите во петок против Јувентус, во првиот меч во Италија по пауза од три месеци, но сега не се знае дали ќе биде подготвен за игра по хорор-нападот што го доживеа во Милано.

- Оглас -

Најнови вести