Типувајте го колото на Спортска прогноза што е во знакот на тринаесетката

Новото коло на Спортска прогноза што веќе е во тек е во знакот на тринаесетката и на камбекот на мечевите од Шпанија и Италија.

Веќе подолго време учесниците во втората сезона на интересната игра со многу награди ја бркаат тринаесетката, а сега со баксузниот број се поклопува и стартот на натпреварите во ова коло.

Првите дуели се на распоред во сабота на 13 јуни, а ги има шест. Со трите во Бундеслигата меѓу Волфсбург и Фрајбург, Херта и Ајнтрахт и Келн со Унион Берлин од 15.30 часот ќе се означи почетокот на возбудувањата, а до тој термин ќе можете да прогнозирате на 13 двојки од основната програма плус две резерви.

Во игра од оваа рунда се враќаат и натпреварите во Шпанија и во Италија. Од Ла Лига ви нудиме четири меча, а токму со еден од нив, со дуелот меѓу Бетис и Гранада во понеделник од 22 часот ќе заврши колото.

На Чизмата фудбалот се враќа со куп-дуелите, а на менито на Спортска прогноза се најде реванш-полуфиналето меѓу Наполи и Интер. Елиф Елмас во првата сезона како играч на Наполитанците ќе има можност да атакува на трофеј, а предноста од првиот меч е солидна, по победата од 1:0 на „Џузепе Меаца“ во Милано.

За наградите веќе знаете, погодена 13-ка во секое коло носи прекрасна награда, мобилен телефон IPhone XS, а подготвени се и ваучерите од 1.000 денари за една утка и од 500 денари за две промашувања.

Во Генералниот пласман битката ќе биде интересна до самиот крај на втората сезона, а и тука наградите се привлечни. Sport Life и Спорт Манија ќе го наградат шампионот со ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за останатите учесници.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести