Колото во Спортска прогноза е предизвик за секој обложувач

Прогнозирањето за новото, 29-то коло на Спортска прогноза веќе е во тек и е збогатено со мечеви од Шпанија и Италија, а најбројни се дуелите од Бундеслигата во Германија. Тоа што дел од 13-те мечевите на Спортска прогноза се играат на 13 јуни, не треба да ве обесхрабри.

Учесниците во втората сезона уште ја бркаат првата тринаесетка. Може да се типува до почетокот на првиот меч од основната понуда од 13 натпревари, односно до сабота во 15.30 часот. Шест меча се играат в сабота, а три од нив се од Бундеслигата од 15.30 часот. Според процентите на прогнозерите кои досега типувале, Волфсбург е голем фаворит против Фрајбург, Херта има предност во однос на Ајнтрахт, а Келн против Унион Берлин.

Од шпанската Лига ви нудиме четири меча, од кои две се дербија. Едното е помеѓу „имењаците“ Атлетик и Атлетико, а другото е андалузиската пресметка на Бетис и Гранада, меч кој почнува в понеделник од 22 часот и со него ќе заврши колото. За победа на Бетис типувале 90 проценти од прогнозерите, а доверба на Атлетико дека ќе слави во Билбао засега му дале повеќе од половината прогнозери.

На менито се најде и реванш-полуфиналето од Купот на Италија помеѓу Наполи и Интер. Наполитанците како гости победија на првиот меч со 1-0 и секако се во предност. Но, засега само една петтина од прогнозерите типувале единица, најмногу се за нерешено, а околу една третина типувале победа на Интер. Кај овој пар, резултатот ќе се смета по 90-те минути.

За погодени сите 13 парови, наградата е мобилен телефон IPhone XS, а ваучерите од 1.000 денари за една утка и од 500 денари за 11-ка исто така не се за потценување.

Треба да се типува и на резервите дуели, кои се сметаат за Генералниот пласман. И тука наградите се привлечни. Sport Life и Спорт Манија ќе го наградат шампионот со ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната.

 

 

- Оглас -

Најнови вести