Коло за мерак – Спортската прогноза ќе почне и ќе заврши со дуели за Лигата на шампионите

Лајпциг и Борусија Дортмунд ќе играат дерби во Германија, веројатно и клучно за вицешампионската позиција, а со тој меч во сабота од 15.30 часот ќе почне и 30-тото коло на Спортска прогноза.

Како што е вообичаено, до тој термин ќе можете да прогнозирате на 13 дуели од основната програма што редовно ви ја нудиме во бесплатната игра што ја организираме втора сезона по ред.

Спортската прогноза овојпат ќе биде исклучително интересна, а уште еден дуел за Лигата на шампионите ќе ја спушти и завесата во 30-тото коло.

Во Шпанија во понеделник од 22 часот меѓу себе ќе играат Вилјареал и Севилја, меч што може да одлучи доста работи. Жолтата подморница има императив да победи ако сака да се приклучи во битката за една од првите четири позиции кои водат во Лигата на шампионите.

Севилја е порелаксирана на третото место, но со успех на „Серамика“ може да си обезбеди многу комотна ситуација и речиси сигурен настап во ЛШ и следната сезона.

По долг период чекање, конечно фудбал ќе има и во Италија и Англија, па Спортската прогноза во 30-тото коло од втората сезона ќе биде исклучитечно интересна за типување.

Наградите се стандардни, за погодена тринаесетка и во ова коло премијата е прекрасниот IPhone XS.

За една утка очекувајте ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за два промашени пара ви следува ваучер од 500 денари.

Битката за Генералниот пласман е исто така интересна. Христијан Т. долго време е лидер и топ-фаворит за сезонската награда за шампионот, ТВ смарт од 48 инчи.

Сепак, до крајот има уште доста да се игра, да се прогнозира и да се забавува, па ве очекуваме и во ова коло со вашите прогнози.

 

 

- Оглас -

Најнови вести