Старите другари од Росарио вечерва за последен пат ќе играат еден против друг

Дуелот на Севилја и Барселона кој ќе се игра вечерва на „Рамос Санчес Писхуан“ ќе биде со посебно значење за Лионел Меси и Евер Банега. Лео и Евер се родени во ист град, Росарио во Аргентина, Меси е една година постар, но тие се знаат долги години и се блиски пријатели, но вечерва ќе играат за последен пат еден против друг.

Десетката на Севилја го напушта андалузискиот клуб по завршувањето на сезонава и ќе се пресели во саудискиот Ал-Шабаб, каде што во следните три сезони ќе зема огромна плата, пред да се повлече од активното играње.

Банега во Шпанија дојде летото 2008 година, во тимот на Валенсија, а Меси во тоа време веќе беше многу опасно оружје на Барселона во нападот. Таа година заедно освоија олимписко злато со репрезентацијата на Аргентина, а за првпат играа и еден против друг. Победата на Валенсија во Купот беше едно од ретките славја на Банега против Меси. Особено лош биланс има Банега откако дојде во Севилја. Банега една сезона беше во Интер, потоа се врати во Севилја и пак се мачеше против Барса на Меси, па веројатно е среќен што веќе нема да игра против него, но и тажен што нема да се гледаат така често.

- Оглас -

Најнови вести