Спортската прогноза станува сè попопуларна, станете потенцијален добитник на награда

Спортска прогноза на Спорт Манија и Sport Life зема замав и од коло во коло бројот на прогнозери расте, а со тоа се зголемуваат опциите и да бидат доделени некои од наградите. Во 30-тото коло, 13 играчи без ништо да вложат, си добија ваучери од Sport Life од по 500 денари, а се надеваме дека и во ова 31-во коло ќе има успешни прогнозери кои ќе бидат наградени.

Во основната понуда за 31-вото коло има мечеви од Германија, Англија, Италија и Шпанија, со напомена дека паровите од Островот се мешани, од Премиер лигата, ФА купот и Шампионат лигата.

Вашите прогнози може да ги ставате најдоцна до сабота во 15.30 часот, до почетокот на првиот меч од понудата, а тоа е Унион Берлин – Фортуна Дизелдорф, многу важен меч за опстанокот на гостите. Им треба барем бод за да избегнат директно испаѓање.

Лидс, кој е втор и оди кон Премиер лигата, му бега седум бода на третиот Фулам и ако победи тимот од Јоркшир, ќе има веројатно недостижна предност и ќе биде многу блиску до враќање во елитата. Веројатно затоа и 84 проценти од прогнозерите кои диосега се изјасниле типувале на „кец“.

Од шпанските дуели, има два што се интересни, градското дерби Вилјареал – Валенсија и дуелот со кој в понеделник завршува колото, Хетафе – Реал Сосиедад, пресметка за два тима кои се борат за излез на европска сцена. Внимание предизвикува и дуелот Милан – Рома, битка на некогашни шампиони во Италија.

Тринаесетката носи награда IPhone XS, а веќе знаете дека со една утка се добива ваучер од 1.000 денари од Sport Life. Две утки носат ваучер од 500 денари.

Резервните парови се пресметуваат во битката за Генералниот пласман. Наскоро ќе се знае кој ќе биде шампион на втората сезона во играта што ја организираме за вас и е бесплатна и многу забавна.

- Оглас -

Најнови вести