Тенисот во последниве два-три дена го тресат скандали поврзани со пандемијата на корона-вирусот откако првично се зарази Григор Димитров, а потоа уште неколку други тенисери, меѓу кои е и Новак Ѓоковиќ. Србинот е посочен како главен виновник затоа што беше организатор на „Адрија“ турнирите кои се играа во Белград и Задар.
Овие турнири беа организирани како опција да започне да се игра тенис и меѓу врвните тенисери затоа што веќе три месеци поради пандемијата од корона-вирусот се одложени сите турнири.
Колку за потсетување, овој период вообичаено беше задолжен за возбудувањата на гренслем-турнирот во Вимблдон. Токму на неофицијалното светско тениско првенство пред 10 години, заврши најдолгиот меч во историјата. Во првото коло на турнирот играа Американецот Џон Иснер и Французинот Никлас Махут.
Мечот, кој подоцна стана историски, започна на 22 јуни, а заврши дури по три дена. По невидена исцрпувачка борба, Иснер победи по цели 11 часа и пет минути поминати на теренот. Беа одиграни 183 гејма, а конечниот резултат е 6:4, 3:6, 6:7, 7:6 и 70:68.
На мечот кој ќе се памти како најдолг во историјата имаше дури 100 аса, а беа срушени и многу други рекорди.