Синоќа на дуелот помеѓу Заглебје и Корона Кјелце од полската лига за опстанок, падна гол кој вреди да се види. Погодокот беше дело на Финецот Петери Форсел, но за негова жал, Корона претрпе нов пораз, загуби со 1-2, и многу е блиску до испаѓање во понизок ранг. Форсел и пред една недела даде гол од 40 метри, сега го повтори подвигот, иако од нешто поблиску, топката прво удри во пречката и ја затресе мрежата, голманот немаше шанса.
Но, иако Форсел дава голови кандидати за наградата Пушкаш, изгледа ќе биде џабе, бидејќи Корона е пред испаѓање.
Видете ја бомбата која ја испрати Форсел:
https://twitter.com/i/status/1276621819395616769