Инфаркт-завршница во Бирмингам: ВАР-системот го спаси Јувентус во 90+4 минута (Видео)

Астон вила уште еднаш потврди зошто е едно од најпријатните изненадувања во Лигата на шампионите. Тимот од Бирмингам повеќе од 40 години немаше играно во елитното натпреварување на УЕФА, а сега покажува дека сосема заслужено има место меѓу најдобрите.

Во пет меча Астон вила прими само еден гол и со 10 освоени бода е во трка за Топ 8 местата кои водат директен пласман во осминафиналето. Малку фалеше за вечерва навивачите од Бирмингам да имаат лудо славење, но на крајот нивниот омилен тим одигра 0:0 против Јувентус.

Се играа буквално последните моменти од мечот кога Астон вила имаше слободен удар, топката беше нафрлена во шеснаесетникот, а по еден воздушен дуел, голманот на Јувентус почна да се жали на повреда. Астон вила даде гол, но главниот судија по сигнализација на ВАР-системот, реши да го поништи погодокот, па на крајот резултатот остана 0:0.

 

- Оглас -

Најнови вести