Алиоски погодува и се забавува – Им аплаудираше на картонските навивачи (Видео)

Езџан Алиоски одигра одличен меч за Лидс и со гол во победата од 3:0 го поттурна лидерот во Чемпионшип лигата кон елитната англиска лига.

Влезе во игра на стартот од второто полувреме при резултат од 1:0 за Лидс, а само десет минути подоцна со петти погодок сезонава ги разреши дилемите околу победникот.

https://twitter.com/Columbanus13/status/1276952774165626880?s=20

И по мечот им аплаудираше на картонските навивачи на картонските навивачи. Вистинските ги нема на „Еланд роуд“ поради пандемијата со Ковид-19, па кога тие не можат да му аплаудираат на извонредниот македонски репрезентативец, тогаш може тој на замислените навивачи.

https://twitter.com/Simply_Leeds/status/1276912061352742912?s=20

Во пост-корона ерата тренд стана на трибините да има картони со ликови на навивачите кои си плаќаат за да бидат поставени на трибините на стадионите ширум планетата.

- Оглас -

Најнови вести