Вардар денес ќе ги добие ривалите во групната фаза од ракометната Лига на шампиони за сезоната 2020/21. Ждрепката која е закажана за 18 часот и ќе се одржи во Виена, актуелниот европски првак ја чека од првиот шешир, во улога на носител на групата .
Заедно со Црвено-црните, носители се уште ПСЖ, Барселона и Веспрем, една од споменатите екипи ќе биде меѓу седумте противници на Вардар. Треба да се напомене дека во групата не може да има две екипи од иста држава.